Најтрофејниот израелски тим Макаби од Тел Авив има намера своите редови да ги засили со тандемот Американци од Црвена звезда Лоренцо Браун и Били Берон.
Израелските медиуми пишуваат дека Макаби подготвил богати пониди за двајцата кошаркари.
Доколку Макаби ги реализира трансферите тогаш ќе се повтори ситуацијата од 2016 година кога од Црвена звезда во тел Авив во пакет се преселија Мајк Цирбес и Квинси Милер.
Црвена звезда во новата сезона ќе влезе со значително изменет состав и со нов тренер, Саша Обрадовиќ.
Клубот веќе го напуштија Кевин Пантер кој се пресели во Милано и Чарлс Џенкинс кој наредната сезона ќе игра во Олимпијакос.