Top Sport

Тавареш: Сакам да се вратам во НБА лигата

Валтер Еди Тавареш, најдоминантниот центар во Евролигата, влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид. Како сега стојат работите репрезентативецот на Зеленортските острови, ќе го напушти Реал по истекот на договорот.

Сонот на Тавареш е да се врати во НБА лигата, каде во минатото имаше неуспешна епизода. Исто така тој не е задоволен од последната понуда која ја добил од клубот за да го продолжи договорот.

Политиката на Реал Мадрид е во клубот никој да нема поголема плата од три милиони евра.

„Не знам дали ќе потпишам нов договор со Реал. Вистината е дека договорот ми истекува следната година и не знам што да кажам. Се надевам дека ќе се договориме, но сонувам и за НБА. Тоа нема да го негирам“, изјави Тавареш, кој во Реал е шест години.

Scroll to Top