Top Sport

Тејтум ги реши Бруклин, Финикс лесно со Пеликанс, Милвоки славеа против Чикаго

Бостон Селтикс, Милвоки Бакс и Финикс Санс со победи го започнаа плејофот во НБА лигата.

Во дербито на првото коло, Селтикс со поените на Џејсон Тејтум во последната секунда, славеа победа над Бруклин Нетс 115.114.

Тејтум мечот го заврши со 31 поен, Џејлен Браун постигна 23, Маркус Смарт 20, колку што уфрли и Ал Хорфорд кој имаше и 15 скокови.

На спротивната страна блескаше Кајри Ирвинг со 39 поени, 18 во последниот период, кога Бруклин направи пресврт и направи предност од пет поени.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Финикс со 110:99 го победи Њу Орлеанс. Ветеранот Крис Пол со 30 поени, седум скока и 10 асистенции го предводеше својот тим. Девин Букер постигна 25, а Диандре Ејтон 21 поен.

Во редовите на Њу Орлеанс се истакнаа Си Џеј мекалум со 25, односно Брендон Инграм и Јонас Валанчунас со по 18 поени. Литванецот имаше и неверојатни 25 скокови.

Бранителите на титулата Милвоки Бакс со 93.86 ги победија Чикаго Булс. Гостите на 90 секунди до крајот имаа само поен негатива (87:86), до крајот не постигнаа ниту еден поен.

Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 27 поени и 16 скока. На спротивната страна Никола Вучевиќ забележа 24 поени и 17 скока.

Scroll to Top