Бостон Селтикс се на пола пат да обезбедат пласман во финалето на Источната конференција. Селтик водат со 2:0 во серијата против бранителите на трофејот Торонто Репторс. Вториот меч Селтикс го добија со 102:99.
Џејсон Тејтум постигна 34 поени, а Маркус Смарт во последната четвртина погоди пет тројки со кои го фрли шампионот на колена. Смарт во период од 73 секунди постигна три тројки, а потоа на осум минути до крајот уште една за за водство на на Селтикс 86:85.
Смарт мечот го заврши со 19 поени, Кемба Вокер постигна 17, Џејлен Браун 16.
Во редовите на Торонто се истакна о-Џи Ануноби со 20 поени, еден помалку уфрли Фред Ванвлит.