Бостон Селтикс, ја забележаа третата победа во низа, на турнејата по Западната конференција. По Шарлот и Денвер, Селтикс, во драматичен финиш славеа и во Портланд. Забележителни настапи за своите тимови, Атланта и Јута, имаа Богдан и Бојан Богдановиќ.
Портланд, успеаја да ја стигнат предноста на Бостон, да влезат со два поени предност во последната минута, меѓутоа не успеаја да победат. Минусот од седум поени, Портланд во предност од два коша, го претвори со тројките на Лилард, Мекалум и Пауел. Сепак во последната минута блесна Џејсон Тејтун кој постигна кош и реализира дополнително слободно фрлање, а потоа и тројка за плус 4.
Тејтум мечот го заврши со 32 поени, Браун постигна 24, а Вокер 21 поен. Портланд го предводеа Лилард со 28 и Кармело Ентони со 25 поени.
Бруклин Нетс го декласираа тимот на Минесота со 127:97. Предноста на Нетс во еден момент изнесуваше 45 поени. Во отсуство на Кајри Ирвинг и Џејмс Харден, Кевин Дурент го предводеше тимот со 31 поен.
Најдобриот тим во лигата, Јута Џез леснос е справи со Оклахома. Во победата 106:96, Хрватот Богдановиќ постигна 23 поени, поен помалку реализираше Донован Мичел, кој на претходните три натпревари постигнуваше најмалку 40 поени.
Ист број на поени (23), постигна и Србинот Богдановиќ во триумфот на Атланта над Торонто (108:103). Богдановиќ игра одлично на последните натпревари, максимално го користи отсуството на Данило Галинари и Тре Јанг.
Резултати:
Бруклин-Минесота 127:97
Индијана-ЛА Клиперс 115:126
Торонто-Атланта 103:108
Шарлот-ЛА Лејкерс 93:101
Јута-Оклахома 106:96
Финикс-Мајами 106:86
Портланд-Бостон 115:116.