Top Sport

Тејтум ќе го потпише најголемиот договор во историјата на кошарката

Џејсон Тејтум наскоро ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на кошарката. Бостон, вчера ја освои 18.титула во историјата на франшизата, а во наредните денови се очекува Тејтум да го продолжи договорот за уште пет години.

За верност ќе добива вкупно 315 милиони долари или 63 милиони по сезона. Се очекува во следните десет дена се да биде официјализирано.

Тејтум, кој има 26 години, оваа сезона имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции по натпревар.

Моментално Стеф Кари е најплатениот играч во лигата со приход од речиси 52 милиони годишно. На второ место е Кевин Дурент (47.649), а третото место го делат Леброн Џејмс и Никола Јокиќ (47.607 милиони).

Scroll to Top