Top Sport

Тејтум од Бостон доби максимален договор

Џејсон Тејтум ги договорил условите под кои ќе го потпише новиот договор со Бостон Селтикс. Во изминатите три години Тејтум стана еден од носителите на играта, што му овозможи да потпише максимален договор.

Крилниот кошаркар, ќе потпише на пет години, период во кој ќе заработи 195.000.000 долари.

Оваа сезона Тејтум, во регуларниот дел, одиграл 66 натпревари. Во просек по натпревар бележел по 23,4 поени, 7 скока и 3 асистенции. Во плеј-офот, тој имаше ушто подобри бројки: 25,7 поени, 10 скока и 5 асистенции.

Селтикс стигнаа до финалето на Истокот, каде беа поразени во шест натпревари од Мајами Хит.

Scroll to Top