Босанскохерцеговскиот кошаркар на Милвоки бакс, Мирза Телетовиќ пред една недела замина на артоскопска операција на ’рскавицата во левото колено, но опоравувањето очигледно оди побргу со песните на Дино Мерлин.
Најавата дека повторно се враќа на лесни тренинзи, Телетовиќ ја покажа преку Инстаграм, додека во позадина одеше песната на Дино Мерлин.
„Чујте го Дино Мерлин. Веднаш ми се тренира. Кога ќе го чујам Дино Мерлин, можам да трчам до утре, а го оперирав коленото пред пет дена“, порачува Телетовиќ.
Босанска музичка терапија.