Top Sport

Претседателот на УФЦ: Мекгрегор може да се пензионира, има 100 милиони

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека не е сигурно дека најголемата ѕвезда на неговата компанија, шампионот во лесна категорија, Конор Мекгрегор повторно ќе се бори.

УФЦ се надеваше дека ирската мега-ѕвезда Мекгрегор (21-3) ќе се врати уште оваа година на УФЦ219 на 30 декември во Лас Вегас, меѓутоа сега е јасно дека од тие планови нема ништо. Вајт вели дека сака Жорж Сен-Пјер да ја брани титулата во средна категорија и дека не сака тој да влезе во категоријата на Мекгрегор.

29-годишниот Мекгрегор, кој вчера беше во центрот на јавноста по гласините дека се „смешал“ со погрешни луѓе во Ирска, оваа година го наплати најголемиот чек – за боксерскиот меч со Флојд Мејведер Јуниор и Вајт вели дека тоа е мотив повеќе да престане со борбите.

„Сакавме меч до крајот на годината, но тој не е подготвен. Уште сме во фазата ’Конор нема да се бори повеќе’. Тој има е.ани 100 милиони долари. Знам луѓе кои заработиле помалку од тоа, биле адвокати цел живот и се пензионирале. А борбите се најлошото нешто. Треба да те удираат во лице кога имаш 100 милиони во банка? Конор сега е богато дете, и е бог во Ирска. Тоа не е најдобрата околина“, додава Вајт.

Мекгрегор претепал членови на ирски картел

Scroll to Top