Партизан ја победи Црвена звезда 88:86 во првото сезонско дерби во Евролигигата. По пет кола Партизан има две победи и три порази, додека Црвенз звезда остана на триумфот од првото коло и го доживеа четвртиот пораз.
Првото дерби сезонава во Евролигата беше исклучително драматично и неизвесно до самиот крај.
Партизан фируозно го отвори со 17:2, но до крајот на полувремето Црвена звезда во целост се врати во натпреварот (42:42).
Првите 15 минути од вториот дел минаа во доминација на Црвена звезда, на почетокот на последниот период гостите ја стекнаа највисоката предност од 13 поени. Водеше Звезда со 10 разлика на нешто помалку од пет минути до крајот и тука застана.
Патизан во мечот го врати Аврамовиќ со две тројки, а на крајот преусија четирите слободни фрлања кои ги промашија Тодосиќ (2/5) и Нејпир (1/2).
Аврамовиќ постигна 14 поени, 12 од нив во последната четвртина. Кај Црвена звезда се истакна Боломбој со 16 поени.
За неколку дена, во недела, вечните ривали ќе се сретнат и во АБА лигата, домаќин повторно ќе биде Партизан.