Top Sport

Теодосиќ има две опции, трејд или враќање во Европа

Милош Теодосиќ, еден од најдобрите европски кошаркари, се подготвува за заминување од тимот на ЛА Клиперс, каде оваа сезона речиси и да не добива можност да игра.

Две опции стојат пред српскиот репрезентативец, а и во двете клучна улога ќе имаат Клиперси. Можно е тимот да направи размена или да прифати договорот на кошаркарот да биде откупен и тој да се врати во Европа.

Американските „инсајдери“ откриваат дека интерес за Теодосиќ покажале две НБА франшизи, Денвер Нагетс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Од друга страна новинарот Јоргос Ефкарпидес, тврди дека во Лос Анџелес на преговори во врска со Теодосиќ пристигнале претставници на Макаби од Тел Авив. Тие сакале да го откупат договорот на српскиот репрезентативец.

Scroll to Top