Top Sport

Теодосиќ: Петото место не е неуспех за Србија

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Милош Теодосиќ смета дека петтото место на Србија на Светското првенство во Кина не е разочарување, иако многумина ги сметаа „орловите“ за први фаворити на шампионатот.

Ветеранот не играше поради повреда на Мундобаскетот, а Србија загуби од Аргентина во четврт-финалето на шампионатот на кој шампиони станаа Шпанија.

„Многу е потешко да се гледа од страна отколку да се игра. Нервозата е поголема, бидејќи кога играш не размислуваш на друго. Вака, ги гледаш сите ситуации и тоа е многу чудно. Знаевме дека ова е прво првенство на кое одиме како фаворити и сите имавме големи очекувања и затоа се направи притисок.  Но Гаги Милосављевиќ и јас не отидовме, Лучиќ и Бјелица беа повредени и затоа пласманот не е неуспех“, вели Теодосиќ за „Вечерње новости“.

Тој исто така ја коментираше и оставката на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.

„Жал ми е за Сале, бидејќи тука во Болоња не стигнавме да зборуваме. Но, ја разбирам неговата одлука, бидејќи тој е човек кој направи многу за српската кошарка“, вели плејмејкерот на Виртус Болоња.

Scroll to Top