Top Sport

ЛШ: Лошото второ полувреме повторно му донесе пораз на Еурофарм Работник

Еурофарм Работник ќе почека за својата прва победа во деби сезоната во ЕХФ Лигата на шампиони, откако повторно лошото второ полувреме беше причина за пораз, овојпат на гостувањето кај Бидасоа Ирун во Шпанија од 26:25 (11:14).

Во првото полувреме, предводени со шесте гола на Владислав Остроушко, тимот на Стевче Алушовски имаше фантастична предност од 14:11 против досега непоразениот тим во групата Д, меѓутоа баскискиот клуб се созеде и во финишот стигна до третата победа во низа.

Scroll to Top