Top Sport

Теодосиќ постигнал договор со ЦСКА

Шпанските медиуми објавија дека Милош Теодосиќ бил подготвен да се врати во екипата на ЦСКА Москва.

Теодосиќ е поранешен играч на рускиот тим, тој за ЦСКА има одиграно 237 натпревари во Евролигата, во периодот од 2011 до 2017 година. Изминатите две сезони беше во ЛА Клиперс, во НБА лигата, каде не доби вистинска шанса од тренерот Док Риверс.

Во февруари оваа година тој со ЛА Клиперс спогодбено го раскина договорот, се врати во Европа, но не прифати ниту една понуда. Реши да одмори за да биде подготвен за Светското првенство во Кина.

Интерес за Теодосиќ покажаа Макаби, Ефес и Болоња.

Scroll to Top