Мајами Хит забележа победа 122:109 над Торонто Репторс. Дуелот го обележа инцидентот во третата четвртина, главни актери беа Кејлеб Мартин и Кристијан Колоко.
Никој не ја знае причината за овој инцидент. Колоко ја фати топката во нападот, судиите посочија дека во таа прилика направил прекршок, дури и неговите соиграчи од Репторс се упатија кон нивната половина. Потоа тој стана, го турна Мартин, а играчот на Мајами во стил на борач го фрли во првиот ред.
Соиграчите на Мартин и Колок успеаја да ги разделат и да ја спречат тепачката.
Откако ситуацијата на теренот се смири, судиите ги исклучија двајцата играчи.