Top Sport

Тешка група за кошаркарите во олимписките претквалификации

Kошаркарска репрезентација на Македонија олимписките претквалификации ќе ги игра во престолнината на Естонија, Талин. Турнирот во Талин е еден од трите во европската зона, покрај турнирите во Гливице и Истанбул, на кои ќе учествуваат 32 репрезентации.

Македонија на турнирот во Талин ќе се натпреварува во А-групата против Чешка, Израел и Естонија.

Согласно со предвидениот план, групите А и Б (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршницата е во полскиот град), а групите Ц и Д во Турција.

Во Б-групата се Португалија, Полска, Унгарија и Босна и Херцеговина, во Ц-групата: Турција, Украина, Бугарија и Исланд, а во групата Д ќе играат Холандија, Хрватска, Белгија и Шведска.

Претквалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 ќе се играат од 12 до 20 август оваа година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во полуфиналето, нашата група ќе вкрсти со Б-групата.
Во квалификациите за Олимписките игри ќе се најде победникот на турнирот.

Фото/ kfsm.mk

Scroll to Top