Top Sport

Тешка повреда на Кузмиќ, во солзи го напушти теренот

Огњен Кузмиќ, центарот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Србија, на натпреварт со ЦСКА Москва во Мадрид се здоби со потешка повреда.

Кузмиќ се повреди во втората четвртина при еден дуел под кошот на ЦСКА. Тој остана да лежи на паркетот, а потоа низ солзи поради болките и во инвалидска количка го напушти теренот.

Реал сè уште не соопштил колку е сериозна повредата на нивниот центар, но се шпекулира дека Кузмиќ го повредил лигаментите и дека ќе отсуствува најмалку шест месеци, додека, според најцрните прогнози, за него сезоната е веќе завршена.

Кузмиќ во летниот преоден рок од Црвена звезда се пресели во Реал. Тој пред еден месец со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Европското првенство.

Во кариерата Кузмиќ играл за Уникаха, Голден Стејт вориорс, Панатинаикос, Црвена звезда. Со тимот на Голден Стејт во 2015 година ја освои титулата во НБА лигата.

Scroll to Top