Top Sport

Арсеналовци мораа да минат низ тунелот на стравот пред да излезат на „Маракана“ (Видео)

Фудбалерите на Арсенал вчеравечер во третото коло во Лига Европа гостуваа во Белград кај Црвена звезда и извојуваа победа, 0:1.

Играчите на Арсенал на стадионот „Рајко Митиќ“ (поранешна „Маракана“) ги дочека пеколна атмосфера која ја приредија 50 илјади навивачи на Црвена звезда.

Британските медиуми потсетуваат дека пред соочувањето со „Делиите“, играчите на Арсенал морале да минат низ „тунелот на стравот“, односно делот кој од соблекувалните води кон теренот. Многумина од британските новинари се прашувале како избраниците на Арсен Венгер ќе реагираат на „запознавањето“ со тунелот.

Имено, на пат од соблекувалните до теренот сите играчи мора да минат низ тунелот чии ѕидови се исполнети со различни графити и натписи, а од страната стојат припадници на специјалната полиција.

Scroll to Top