Top Sport

Осака спречи чешко финале во Мелбурн

Наоми Осака ќе игра против Петра Квитова во финалето на Австралија опен, откако во второто полу-финале ја победи Каролина Плишкова со 6/2, 4/6, 6/4.

Јапонката продолжи со брилијантните изданија и успеа да стигне до своето второ гренд-слем финале, откако лани ја освои титулата на Ју-Ес опен.

Мечот на арената „Род Лејвер“ се одигра со затворен покрив бидејќи температурата на воздухот во Мелбурн изнесуваше 42 степени Целзиусови.

foto: epa

Осака го доби првиот сет откако при резултат 2:2 во гемови, успеа да добије четири гема во низа. Таа прва направи брејк и во вториот сет, меѓутоа и дозволи ри-брејк на Плишкова, а потоа тенисерката од Чешка уште еднаш и го одзеде сервисот на противничката и успеа да израмни на 1:1 во сетови.

foto: epa

Решавашкиот момент во мечот се случи во вториот и третиот гем. Осака најпрвин успеа да спаси три топки за брејк, а веќе во наредниот гем и го одзеде сервисот на Плишкова.

Финалето ќе се одигра в сабота, во 9.30 часот по македонско време. Осака и Квитова нема да се борат само за трофејот во Мелбурн, туку и за првото место на ВТА листата.

Scroll to Top