Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, ќе го пропушти стартот на новата сезона. Клубот објави дека не е познато кога тој ќе се врати на терените. Вилијамсон има проблем со стаполото на десната нога.
Вилијамсон поради повредата на стапалото го пропушти финишот на минатата сезона. Рехаблитацијата не оди според планот.
Дејфид Грифин, претседателот на кошаркарските операции во Пеликанс, рекол дека за две недели, Вилијамс ќе оди на нови прегледи и потоа ќе биде познато кога ќе и се врати на кошарката.
Вилијамсон, минатата сезона ја заврши со просек од 27 поени и 7,2 скока по натпревар.