Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја тежок пораз во првиот четврт-финален натпревар, во АБА 2 лигата. Во балонот, во Подгорица, Младост од Земун забележа победа над МЗТ 95:75. Во пресрет на реваншот, МЗТ се пред невозможна мисија да се пласираат во полу-финалето.
Победата Младост ја најави во првата четвртина, која ја доби со 28:19, а победата ја обезбедија во вториот период, кога постигнаа четири тројки во низа. МЗТ, во ниту еден момент, немаа одговор за играта на Младост.
Иан Карачиќ со 15 и Френк тарнер со 10 поени беа единствени со двоцифрен ефект кај МЗТ. Малдост ја предводеа Треј Дрекслер со 24, Душан Танасковиќ со 19 и Стефон Гомбол со 18 поени.
Реваншот ќе се одигра на 22.април.