Top Sport

Тежок пораз на Партизан во Задар

Кошаркарите на Партизан во 13. коло од АБА лигата доживеаја пораз во Задар во арената „Крешимир Ќосиќ“ со резултат 84:68.

Црно-белите го претрпеа четвртиот пораз во регионалното натпреварување и сега имаат биланс од девет победи и четири порази.

Од друга страна, Задар има скор од седум победи и шест порази.

Задар од почетокот ја презеде контролата врз играта, од резултатот 15:13, домашните констатнтно ја зголемуваа разликата, која во еден момент изнесуваше и 20 поени.

Лука Божиќ одигра уште еден доминантен натпревар. Минатогодишниот МВП натпреварот го заврши со 26 поени, а беше на прагот на трипл-дабл бидејќи имаше девет скока и асистенции, освен Божиќ и Дарио Дрежњак ја имаа најдобрата партија сезонава, постигна 25 поени (седум тројки). Двоцифрен учинок имаше и Марко Рамљак кој додаде 15 поени.

Адем Мекиќ немаше никаков учинок, тој на теренот влезе во последната минута.

Тристан Вукчевиќ беше најефикасен во тимот на Партизан со 16 поени (3/5 за три), Зек Ледеј уфрли 11 поени, двоцифрен постигна и Пи Џеј Доужер со десет поени.

Scroll to Top