Пелистер убедливо го победи Куманово со 104:70, а далеку понеизвесен меч имаше во СЦ „Кале“, каде ТФТ по продолжение го победи Работнички со 92:89.
„Пелистерци“ на полувреме имаа убедлива предност, а во 28.минута стигнаа и до 30 поени позитива (80:50).
Многи понеизвесно беше на пресметката меѓу ТФТ и Работнички. Тоабеше меч во кој и двете екипи имаа свои минути. Работнички поведе со 37:25 во втората четвртина, но потоа следеше голема серија на ТФТ кој замина на полувреме со предност од четири поени (43:39).
Со поените на Ташовски од линијата за слободни фрлања, резултатот беше израмнет на 80:80, а Умпиг не успеа да погоди за триумф на Работнички. Мечот отиде во продолжение.
Зафиров постигна важна тројка, а Костоски потоа релизира слободни фрлања и ТФТ дојде до клучна предност (90:86).
Костоски беше стрелец на 24 поени, а 16 реализираше Батрик. Кај Работнички, Џелетовиќ постигна 20 поени, Бакоч имаше еден помалку, а Шошкиќ додаде 12.