Кошаркарите на ТФТ не успеаја да изборат мајсторка, во баражот за пласман во АБА лигата. Вечерва во Скопје, Борац од Чачак, уште еднаш убедливо го порази ТФТ, конечниот резултат беше 97:65.
Борац ја доби серијата против ТФТ со 2-0 и избори опстанок во АБА лигата.
Гостите од Чачак во првата четвртина стекнаа двоцифрена предност, која продолжи да расте до крајот на натпреварот.
ТФТ целосно се предаде во последната четвртина, која Борац ја доби со 24:9.
Најдобри за победниците беа Ускоковиќ со 23, Чарапиќ со 20 и Николиќ со 17 поени, додека на другата страна се истакнаа Гордон со 18 и Стенли со 15 поени.
За потсетување, Сплит испадна од АБА лигата, а Широки Бријег избори пласман во најсилната конкуренција.
Foto/ TFT Skopje/Petr Stojanovski
