Top Sport

Ти Џеј Шортс е MВП втора година по ред

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс, беше прогласен за најкорисен играч (MВП) на француското првенство.

Втора година по ред репрезентативецот на Македонија да доминира во Франција и ја добива престижната награда. .

Шортс одигра 24 натпревари оваа сезона во француското првенство, постигнувајќи просек од 16,9 поени и осум асистенции, со 59,1 процент реализација од поле.

Не треба да заборавиме дека во својата прва сезона во Евролигата, тој беше кандидат за наградата за МВП, а беше вклучен и во првиот тим на Евролигата.

Многу тимови од Евролигата покажуваат интерес за Шортс, но како што стојат работите тој кариерата ќе ја продолжи во НБА.

Scroll to Top