Top Sport

Ти Џеј Шортс блесна во Монако, лоша партија на Димитријевиќ против Ефес

Кошаркарите на Париз го добија Француското дерби во Евролигата. Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс блескаше во Монако, го предводеше тимот до победата 87:80. победија на гости кај Монако (87:80), во натпреварот од петтото коло на Евролигата.

Ти Џеј Шортс, натпреварот го заврши со 28 поени, 10 асистенции и четири скока.

Париз одлично го започна натпреварот, со серија од 14:2, но веќе во првата четвртина Монако успеа да возврати и за момент да направи пресврт.

Сепак, Париз беше тимот што го контролираше мечот и окрај тоа што во финишот на последната четвртина имаа минус од три поени.

Гостите со серија од 7:0, ја вратија предноста и потоа мирно го приведоа мечот кон крајот.

Шортс имаше помош од Ворд со 15 поени, Малком со 13 и Јантунен со 10 поени.

Кај Монако најефикасен беше Жаите со 13 поени и седум скока, исто толку поени постигна Џејмс, додека Диало имаше 11 со шест скока.

Милано доживеа пораз на домашен терен од Ефес 84:96. Тимот на Милано имаше минус од 21 поен по првиот дел, во третата четвртина домаќините дојдоа до негатива од четири поени, но Шмитс и Бобоа погодија тројки и ја врати двоцифрената разлика.

Миротиќ го предводеше Милано со 26 поени, Ненад Димитирјевиќ одигра лош натпревар за 13 минути имаше само една асистенција и една загубена топка. Најефикасен кај Ефес беше Брајнт со 19 поени, 17 постигна во првиот дел.

Проблем за Ефес е повредата на Ларкин, кој со помош на лекарите го напушти теренот.

Евролига, 5. коло

среда
Партизан – Виртус 69:70

четврток
Жалгирис – Макаби 77:62
Монако – Париз 80:87
Басконија – Алба 80:57
Милано – Ефес 84:96
Реал Мадрид – Црвена Звезда 95:72

петок
19.45 Фенербахче – Панатинаикос
20.30 Барселона – Асвел
20.45 Баерн – Олимпијакос

Scroll to Top