Top Sport

Тимот Леброн победи на Ол стар натпреварот – Јанис МВП

Ол стар натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата, заврши со победа на тимот на Леброн Џејмс. Во Атланта тимот Леброн го победи тимот на Кевин Дурент со 170:150.

Ол старт натпреварот го обележаа Јани Адетокумби и Стеф Кари. Грчкиот репрезентативец, не промаши од игра, мечот го заврши со 35 поени, а Кари во првото полувреме постигна три тројки од пола терен.

Тимот на Леброн доминираше во текот на целиот натпревар, ги доби сите четвртини, на полувреме водеше со 100:80, а погодија 31 тројка.

Покрај Адетокумбо кој постигна 35 поени, во тимот на Леброн Џејмс, се истакнаа Демијан Лилард со 32 и Стеф Кари со 28 поени, додека Крис Пол постави рекорд со 16 асистенции.

На спротивната страна Бредли Бил постигна 26, а Кајри Ирвинг 24 поени.

Балканците имаа скромен ефект Лука Дончиќ постигна осум поени, Никола Јокиќ шест, а Никола Вучевиќ пет поени, на кои придодаде седум скока.

За МВП на натпреварот беше прогласен Јанис Адетокумбо.

Scroll to Top