Top Sport

Томас ќе ги решава проблемите на Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Фенербахче објави дека договор со клубот до крајот на сезоната потпишал Американецот Малком Томас.

Томас има 31 година, висок е 206 сантиметри и ги покрива позициите „четири“ и „пет“.

„Се надеваме дека овој договор ќе биде позитивен за двете страни. Му посакуваме на овој атлета успех во нашиот клуб“, се наведува во соопштението на Фенербахче.

Томас има НБА искуство, бил член на Сан Антонио, Голден стејт, Јута, Чикаго и Филаделфија, во Европа е од 2012 година. Изминатите две сезони тој бил играч на Химки.

Scroll to Top