Top Sport

Томпсон го одигра најлошиот натпреварот во кариерата

Изминатата ноќ дефинитивно беше најлоша во 13-годишната кариера на Клеј Томпсон од Голден Стејт Вориорс.

Во поразот од Сакраменто Кингс (118:94), во плеј-ин натпреварот, одличниот шутер беше еден од главните виновници што Вориорс нема да играат во плеј-офот трет пат во последните пет сезони.

Придавката што ја употребивме за да го опишеме се однесува на неговата кариера воопшто во која шутираше 45,3 проценти од поле и 41,3 од три. Не за мечот во ноќта меѓу вторник и среда.

Томпсон, против Кингс ги промаши сите 10 шута. Шест пати за три и четири пати за два поени за 32 минути на паркетот. Во статистиката запиша четири скока, асистенција и загубена топка.

Томпсон ја заврши сезоната со просечни 18 поени со 43 проценти шут од поле. Оваа сезона заработи 43,2 милиони долари. Наредната сезона ќе биде последна која е покриена со петгодишениот договор вреден 187,86 милиони долари.

Како играше оваа сезона, прашање е дали Томпсон и следната сезона ќе биде дел од Голден Стејт.

Scroll to Top