Top Sport

Томпсон од Бостон се пресели во Атланта

Канаѓанецот, Тристан Томпсон, од Бостон Селтикс се пресели во Атланта Хокс. Во овој трејд, Селтикс го добија плејмејкерот, Крис Дан и еден пик од втората рунда на драфтот.

Томпсон во НБА лигата влезе преку драфтот во 2011 година. Од четвртата позиција го избраа Кливленд Кавалирс. Со овој тим во 2016 година го освои шампионскиот прстен.

Минатата сезона во Бостон, Томпсон, имаше просек од 7,6 поени и 8,1 скок по натпревар.

Scroll to Top