Кошаркарскиот клуб Фенербахче го договори првото засилување за новата сезона. Во клубот доаѓа Даријус Томпсон, кој зад себе има брилијантна сезона во дресот на Басконија.
Фенербахче, состави силен тим, го донесе трофејниот Димитрис Итудис за тренер, но не успеа да се пласира на завршниот турнир во Каунас. Олимпијакос во пет натпревари го елиминираше Фенербахче во четвртфиналето.
За да ги оставри целите, Фенербахче дополнително ќе се засили за следната сезона. Томпсон ќе потпише две годишен договор. За него Фенер ќе плати оштета од 600.000 евра.
Минатата сезона беше прва за Томпсон во Евролигата, а претходно играше за Лејден, Бриндизи и Локомотив Кубан.
Тој имаше просек од 12,6 поени со 6,7 асистенции.
Откако го договрија Томпсон, прашање е дали кај Фенербахче сега ќе има интерес за македоснкиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.