Аргентина вчера забележа сензационална победа над Србија (97-87) во четврт-финалето на Светското првенство. Херои на аргентинскиот триумф беа 39 годишниот ветеран Луис Скола и плејмејкерот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо.
28 годишниот Кампацо забележа 18 поени, 10 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки. Ваков учинок на натпревар на Светско првенство не е забележан уште од 1994 година кога на дуелот Хрватска-Канада (92-61) блескал Тони Кукоч (15 поени, 12 асистенции, 6 скока, 4 украдени топки).