Top Sport

Тони Кукоч велгува во Куќата на славните

Легендарниот хрватски кошарлар, еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, Тони Кукоч, во септември ќе стане член на Куќата на славните.

Кукоч во Куќата на славните во Спрингфилд ќе влезе од осмиот обид. Него Чикаго Булс го номинираа уште во 2014 година.

Тони Кукоч во Куќата на славните ќе им се придружи на четворица свои сонародници: Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раѓа (2018).

Прославениот играч кариерата ја започна во Југопластика од Сплит. Со овој том освои три титули во Купот на шампионите. Во кариерата игра за Бенетон, Чикаго, Филалделфија, Атланта и Милвоки, каде во 2006 година ја заврши кариерата.

Кукоч со Чикаго Булс освои три титули во НБА лигата.

Scroll to Top