Top Sport

Тони Паркер од Сан Антонио се сели во Шарлот

Францускиот кошаркар Тони Паркер по 17 години го напушти Сан Антонио и ќе се пресели во Шарлот Хорнетс.

Паркер со Хорнетс ќе потпише две годишен договор и ќе заработи 10 милиони долари, објави ЕСПН.

Францускиот ас реши да го смени клубот, иако тренерот на Спарс, Грег Поповиќ, сакал тој да остане во тимот. Во Шарлот, Паркер, ќе му биде резерва на Кемба Вокер.

Тони Паркер со Сан Антонио освои четири титули во НБА лигата, а Франција ја предводеше до титулата на Европското првенство во 2013 година.

Scroll to Top