Цронгорецот Звездан Митровиќ неодамна доби отказ во АСВЕЛ. Францускиот клуб чии сопственик е славниот Тони Паркер му врачил отказ на Митровиќ поради „сериозен прекршок“ пишува „Лекип“.
Според овој извор клубот преку и-мејл го известил Митровиќ дека договорот предвреме ќе му биде завршен.
Оваа информација на „Лекип“ ја потврди адвокатот на Митровиќ, Хавиер Ле Серф, кој не сакал да открие што пишувало во мејлот.
Митровиќ на клупата на АСВЕЛ ќе го наследи Фредерик Фото, додека поранешнит селектор на Црна Гора се сели во Баерн Минхен.