Поранешниот тренер на Работнички, Тони Симиќ, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, објави клубот. Тој доаѓа на местото на Никола Божиновски.
Симиќ потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката.
„Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот“, изјави Тони Симиќ.