Top Sport

Трабзон го отпушти Заре Марковски

Кошаркарскиот клуб Трабзон, по поразот од Бујукчекмече, му врачи отказ на Заре Марковски.

Трабзон, во саботата, загуби од Бујукчекмеџе по две продолженија со 105:113 (84:84, 95:95).

Поразот во саботата беше седми во десетте кола за екипата која со големи амбиции влезе во првенството.

Поради серијата на лоши резултати Трабзон реши да му врачи отказ на Марковски. Инаку поранешниот спортиски директор на Македонската кошаркарска репрезентација нема да остане без работа, бидејќи тој е актуелен селектор на репрезентацијата на Романија.

Scroll to Top