Top Sport

Трагедија: Почина поранешен кошаркар на Панатинаикос и на Асвел

Кошаркарската сцена ја потресе веста дека во САД почина поранешниот кошаркар на голем број клубови, Адријан Пејн. 31-годишниот центар е трагично повреден, но детали за тоа што точно се случило се уште не се објавени.

До февруари годинава настапуваше во Литванија каде настапуваше за тимот на Јувентус. Во Евролигата играше за ПАО со кој освои двојна круна во Грција, како и за Асвел со кој ја освои титулата во Франција.

Играше и во НБА за Атланта, Минесота и за Орландо, од каде беше отпуштен по обвинувањата за сексуално насилство од времето кога го посетуваше Стејт колеџот во Мичиген.

Scroll to Top