Top Sport

Кузмановски во тимот на колото во Бундеслигата

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски вторпат во три кола се најде во тимот на колото во Бундеслигата.

Тој имаше одличен настап во дресот на Магдебург на гостувањето кај Мелсунген (22:29). На тој меч Кузмановски постигна шест погодоци, а имаше и уште толку асистенции кон своите соиграчи.

Претходно Кузмановски беше дел од најдобриот тим и пред две кола, поради одличната партија против Фуксе Берлин.

Scroll to Top