Top Sport

Трамп: Тешко е да направиш Леброн да изгледа умен!

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во бизарен напад на интелигенцијата на новата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс преку Твитер.

„Леброн Џејмс само што беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон. Тој го направи Леброн да изгледа умно, што навистина е тешко. Мене ми се допаѓа Мајк!“, напиша Трамп на Твитер.

Џејмс беше на интервју со Лемон на „Си-ен-ен“ во понеделникот, откако неговата фондација отвори ново училиште во родниот град Акрон во Охајо. Во тоа интервју, Џејмс зборуваше за влијанието на спортот и како тоа ги обединува, додека Трамп го користи тоа за подвојување.

Околу коментарот дека му се допаѓа Мајк, јасно е дека тоа се однесува за дискусијата за тоа кој е најголемиот НБА кошаркар во историјата – Леброн или Мајкл Џордан.

Ова не е првпат Трамп и Леброн да се најдат на спротивните страни. Во септември 2017, тој го нарече Трамп „бедак“ за повлекувањето на поканата до НБА шампионите Голден Стејт вориорс за посетата на „Белата куќа“.

Scroll to Top