Нова размена на играчи во НБА лигата открива новинарот Адријан Војнаровски, на релација Мемфис Гризлис – ЛА Клиперс.
Клиперси го испратиле Рашон Рондо во Мемфис, додека во спротивна насока оди Ерик Бледсо. Заедно со Рондо кај „гризлите“ ќе бидат испратени и Патрик Беверли и Даниел Отуру.
ESPN story on Clippers acquiring guard Eric Bledsoe in a four-player deal — including Patrick Beverley and Rajon Rondo — with Memphis: https://t.co/MhqpVuooTQ
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) August 16, 2021
Бледсо има 31 година и избран е на драфтот во 2010 година. Од 2013 до 2017 играше за Феникс, три сезони беше и во Милвоки, а минатата сезона ја започна во Њу Орлеанс, а ја заврши во Мемфис.
Од друга страна, Беверли и Рондо се ветерани, додека Отуру за Клиперси одигра само 30 натпревари.