Top Sport

Трејд на релација Бостон-Портланд, Холидеј за Симонс

Бостон Селтикс го испратија Џру Холидеј (35) во Портланд Треил Блејзерс во замена за Анферни Симонс (26) и два пика од втората рунда на драфтот. Бостон на тој начин се ослободи од еден од клучните играчи во освојувањето на титулата минатата година, а причините се првенствено финансиски. Холидеј има договор уште три години и ќе заработи нешто повеќе од 100 милиони долари во тој период. Со неговото заминување, Бостон ќе заштеди околу 40 милиони долари данок на луксуз следната сезона.

Кошаркарскиот свет е шокиран од овој потег на Портланд бидејќи се чини дека Бред Стивенс (генерален менаџер на Бостон) го „ограби“ тимот од Орегон.

Џру Холидеј има 35 години и има многу богат договор бидејќи ќе заработи 32,4 милиони долари оваа сезона, потоа 34,8 милиони долари следната, а му следуваат и 37,2 милиони долари во 2028, но таа опција е тимска за продолжување на таа дополнителна година од договорот.

Анферни Симонс има 26 години и во претстојната сезона ќе заработи 27,7 милиони долари и ќе стане неограничен слободен агент во летото 2026 година. Бостон Селтикс го намалија данокот на луксуз што се наплаќа на нивната франшиза, што им носи заштеда од околу 40 милиони долари.

Портланд го враќа Џру Холидеј, две години по трејдот во кој за Холидеј ги даде Малколм Брогдон, Роберт Вилијамс, избор од првата рунда во 2024 година (кој стана Баб Карингтон) и избор од првата рунда во 2029 година.

Оригиналниот пакет што Портланд го доби во размената на Дамијан Лилард ги вклучуваше: Холидеј, Деандре Ајтон, Тумани Камара, еден избор од првата рунда, како и две размени на избори од првата рунда.

Овој трансфер го означува почетокот на активно лето за Селтикс, кои планираат да го обноват составот откако Џејсон Тејтум ја скина Ахиловата тетива во втората рунда од плејофот.

Според извори на ESPN, Бостон сè уште е активен во преговорите за размена на неколку клучни играчи од постоечкиот состав.

Постои можност Џејлен Браун наскоро да добие нов тим, а веројатно истото ќе се случи и со Кристапс Порзингис.

Scroll to Top