Top Sport

Тренерот на Бостон поради афера ја пропушта следната сезона?

Име Удока, тренерот кој во својата прва сезона ги предводеше Бостон Селтикс до финалето на НБА лигата, би можел да биде суспендиран цела наредна сезона поради „непримерни односи“ со неименувана вработена во клубот. Селтикси ќе ја објават должината на суспензијата во текот на денот.

Удока, како што пишува новинарот на „Атлетик“, Шамс Чаранија е обвинет за „непримерен, интимен однос со жена член на клупскиот персонал“.

Иако се нагласува дека врската била взаемна, Удока го прекршил клупскиот кодекс на однесување, поради што ќе биде суспендиран.
Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, тврди дека во дискусиите на клубот за должината на суспензијата се споменува дури и цела сезона, но дека работата на Удока не е во опасност. Во случај Удока да биде суспендиран, на клупата веројатно привремено би бил заменил неговиот прв помошник, Џо Мазула.

Казната ќе се решава исклучиво во рамките на клубот, а НБА не се меша во оваа ситуација. Засега не е соопштено дали ќе биде казнета и вработената.

Scroll to Top