Изминатиот викенд во АБА лигата Цедевита Олимпија доживеа неочекуван пораз во Љубљана од Морнар (90:91). Овој резултат дополнително го зголеми метежот на табелата и борбата за пласман во плејофот. Цедевита Олимпија се на четвртото место со скор 10/6 какво што има и Црвена звезда, додека Морнар има пораз повеќе.
Мечот во Љубљана беше исклучително интересен, победникот беше решен во дополнителните пет минути, но сепак еден детал е лајт-мотив на дуелот.
Станува збор за тајм-аутот на тренерот на Морнар Михајло Павиќевиќ, кој ги предупредува своите играчи на внимателност бидејќи имаат „свој судија“.
„Тие се во бонус, а ние го имаме судијата. Не мора да шутирате од далечина. Немојте да фрлате тројки, одите на пробиви кон кошот“, вели Павиќевиќ.
Не е познато на кој судија мислел тренерот на Морнар. Судии на мечот во Љубљана беа Томислав Хордов (Хрватска), Милош Кољеншиќ (Црна Гора) и Иван Стефановиќ (Србија).
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 21, 2020