Top Sport

Тренерот на Партизан завршил во болница

Тренерот на кошаркарите на Партизан Андреја Тринкијери заврши в болница непосредно пред почетокот на натпреварот во Бар, против екипата на Морнар.

Паризан вечерва победи на тешкото гостување во Бар со 76:65, а екипата од клупата ја предводеше Владо Шчепановиќ, првиот помошник на Тринкијери.

На италијанскиот тренер му се слошило веднаш по влегувањето во салата во Бар, веднаш бил префрлен в болница, а откако му биле извршени лекарски прегледи се вратил во хотелот.

Инаку, Трнкијери има проблеми со астмата и веројатно е дека таа му ги предизвикала здравствените проблеми.

Scroll to Top