Top Sport

Три исклучувања во ЛА, жестока тепачка помеѓу Рондо и Пол (Видео)

Неколку месеци откако Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс пристигна во ЛА Лејкер, навивачите чекаа на неговото официјално деби во Лос Анџелес. На крајот неговото деби во дресот на една од најславните НБА франшизи го засени тепачката помеѓу Режон Рондо и Крис Пол.

Целата мешаница започна на четири и пол минути до крајот на мечот кога Харден погоди за 109:108 за Хјустон. Во тој пробив Инграм го туран Харден и заработи техничка грешка. Стивенсон потоа се обиде да го смири Инграм, но веќе беше доцна за нешто такво бидејќи најискусните Рондо и Пол застанаа еден пред друг.

Пол со прстот покажуваже кон Рондо, потоа и му го турна в лице, а Рондо возврати со удар.

Леброн успеа да го смири Пол, а останатите соиграчи ги држеа Инграм и Рондо.

Тројцата тепачи добија исклучувачки грешки, а подоцна Пол изјавил дека Рондо го плукнал во целата мешаница.

Дуелот заврши со победа на Хјустон 124:115. Харден забележа 36 поени, седум скока и пет асистенции, а Пол до исклучувањето имаше учинок од 28 поени и 10 асистенции.

Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс со 24 поени и по пет скока и асистенции, а уште шестмина кошаркари на домашниот тим постигнаа двоцифрен број на поени.

Scroll to Top