Top Sport

Тринкиери: Евролигата сака да ја копира НБА, тоа не е возможно

Уште еден кошаркарски тренер го искажа своето незадоволство од густиот распоред во Евролигата. По Еторе Месина и Шарунас Јасикевичиус, тоа го направи и тренерот на Баерн Минхе, Андреа Тринкиери.

„Ираме премногу натпревари, едноставно се премногу“, рекол Тринкиери по дуелот на неговиот тим со Макаби.

„Се обидуваме да ја копираме НБА лигата, тоа ми е јасно, но НБА го има најдобриот кошаркарски производ и невозможно е да копирате само некои работи“, рекол Италијанецот и потоа направил мала анализа.

„Регуларната сезона во НБА има 82 натпревари, тоа значи дека имате 82 шанси да го поправите пласманот на табелата. Имате 30 тимови, во секоја конференција, 16 од нив играат плејоф. Во Евролигата играме 34 натпревари. Од 18 екипи, осум одат понатаму. Во такви околности тешко е секога да бидеш квалитетен, тешко е дека ќе гледаме квалитетна кошарка кога се игра на секи 48 часа. Не може да се спореди важноста на еден натпревар во Евролигата и НБА. Во Евролигата секој натпревар е борба, војна…Поради тоа имаме неефикасни натпревари и голем број на повредени кошаркари.“

Scroll to Top