Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери го тужеше Партизан во март годинава, а кошаркарскиот арбитражен суд пресуди во негова корист. Италијанецот бараше 740.000 евра, но на крајот ќе добие 10% од таа сума.
„Точно е дека добивме пресуда според која на поранешниот тренер му должиме 70.875 евра на основа на плата, плус бонуси за пласман во четвртфинале во Еврокуп иако тие мечеви никогаш не ги одигравме“ рече првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ.
Интересно е што Тринкиери при тужбата барал пари и за сезоната во која не бил на „црно-белата“ клупа, 2020/21.
Стратегот го водеше клубот од 2018 до 2020 година, па се пресели на клупата на Баерн.