Top Sport

Трип-дабл со 43 поени на Џејмс Харден (Видео)

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, сезонава во НБА лигата едноставно е незапирлив. „Брадата“ некаде на половина од сезоната е најсериозниот кандидат за МВП признанието.

Против Кливленд Кавалирс, Харден, стана првиот играч кој забележал трипл-дабл со најмалку 40 поени за помалку од 30 минути.

На 88 секунди до крајот на третиот период, Пи-Џеј Такер, добро го заградил противничкиот центар Анте Жижиќ и му овозможил на Харден да го забележи 10. скока, а со тоа и трипл-дабл. Во последниот период Харден воопшто не се појави на паркетот.
Хјустон против Кливленд ја покажа разликата во квалитетот помеѓу тимовите и славеше со 141:113. Харден натпреварот го заврши со 43 поени, 10 скока и 12 асистенции.

Такер по мечот во шега рекол дека Харден би требало да го однесе на вечера или во кино.

„Ќе добие и вечера и филм и ќе го носам во Европа. Ма ќе го носам секаде со себе“, одговорил Харден на ист начин.

„Шегата на страна. Немам време за одмор. Морам да продолжам со работата“, дополнил „Брадата“.

По овој меч Хјустон се на петтата позиција на Западот с 24 победи и 17 порази, додека Кливленд се тимот што го има најлошиот резултат воопшто во НБА лигата, осум победи и 35 порази.

Scroll to Top