Top Sport

Трипл-дабл на Дончиќ пораз на Далас (Видео)

Лука Дончиќ запиша трипл-дабл, но неговите Далас Маверикс не успеаја да ги совладаат ЛА Клиперс. Во Лос Анџелес, Клиперс победија 121:112. ЛА Клиперс се на седмата позиција на Западот со 34 победи и 28 порази, додека Далас се далеку од местата што носат плејоф. Маверикс со 26 победи и 34 порази се 13. во конкуренција на 15 екипи во Западната конференција.

Далас успеа да биде во егал со Клиперс во првите три четвртини. Маверикс имаа неколку пати предност од пет поени, но Клиперс не им дозволија да се одлепат. ЛА Клиперс во финишот на третиот и четвртиот период создадоа двоцифрена разлика, што на крајот им ја донесе победата.

Дончиќ ги предводеше Маверикс со 28 поени и по 10 скока и асистенции. За Словенецот ова беше четвртиот трипл-дабл во кариерата.

Најефикасни играчи на Клиперс беа Монтрезл Херел (32 поени), Лу Вилијамс (21 поени), Данило Галинари (20 поени) и Парик Беверли (19 поени, 8 скока, 9 асистенции).

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Голден стејт Вориорс 110:121
Кливленд Кавалирс-Портланд Трејлблејзерс 110:123
Детроит Пистонс- Индијана Пејсерс 113:109
Бруклин Нетс-Сан Антонио Спарс 101:85
Мајами Хит-Феникс Санс 121:124
Чикаго Булс-Милвоки Бакс 106:117
Хјустон Рокетс0Атланта Хокс 119:11
Мемфис Гризлис-ЛА Лејкерс 110:105
Минесота Тимбервулфс-Сакраменто Кингс 112:105
Њу Орлеанс Пеликанс-Филаделфија 110:111
ЛА Клиперс-Далас Маверикс 121:112

Scroll to Top